Савевски и Ристовска едногласни: ЕУРО во Скопје е убава шанса за развој на македонскиот ракомет
Женската ракометна репрезентација на Македонија е пред голем предизвик, настап на ЕУРО, а ние како држава сме еден од домаќините заедно со Словенија и Црна Гора.
Селекторот Љубомир Савевски, за очекувањата од настапот во нашата група, сите мечеви ги играме во Скопје, а противници се Франција, Холандија и Романија.
„Играме со сериозни ривали, но наша желба е да им ги расипеме сметките, се надевам дека ќе земеме барем еден скалп на фаворитите. Имаме проблеми со повредите, Дуковска и Елена Георгиевска не се во комбинација, работевме добро, задоволен сум, ова е селекција во создавање и искрено верувам дека сме на вистински пат“, изјави селекторот Савевски.
Капитенот Сара Ристовска очекува поддршка од навивачите.
„Ова е можност за нашиот ракомет, преку која можеме да дојдеме до голем развој, затоа што првенството го играме дома и имаме голема мотивација што ќе играме пред домашната публика. Треба да биде развој за македонскиот ракомет во иднина. Сакам да упатам апел да нема притисок од новинарите, бидејќи ова е наше прво првенство и тоа дома. Нема да одговорам дали ќе победиме со Франција, Холандија или Романија, знам дека работиме, имаме дисциплина, без притисок, очекувам поддршка, да не бодрите и да бидете наш осми играчи и верувам дека ќе имаме голем успех“, изјави Ристовска.