Сé е подготвено за одржување на трката ХалкВелоГрин што на 8 септември во Маврово ја организира Халкбанк

Сé е подготвено за одржување на хронометар велосипедската трка ХалкВелоГрин што на 8 септември во Маврово по четвртипат ја организира Халкбанк АД Скопје. Истата е дел од општествено одговорните активности на банката насочени кон поттикнување здрави животни навики и заштита на природата, а кои што се реализираат преку платформата ХалкЕко.

Годинава во Маврово ќе се натпрваруваат, но и ќе се дружат и забавуваат над 200 вљубеници во велсипедизмот кои се пријавија за учество во трката. Учесниците ќе се натпреваруваат во две основни категории – ХОБИ и ДЕЦА (во машка и женска кокуренција), во рамките на кои се формирани и подкатегории според возраста. Како и секоја година ќе се вози патека долга 22 километри во насока Бистра-Леуново-Бистра, односно најмалите натпреварувачи ќе возат 12 километри, до Никифорово и назад. 

Дополнително, поради одржување на трката, патот од Хотел Спорт преку Никифорово до Леуново, во двете насоки, ќе биде затворен за сообраќај во период од 08.30 до 14.30 часот.

Најдобрите велосипедисти во сите категории ќе можат да освојат и вредни парични награди што ги обезбеди Халкбанк - од 15.000, 10.000 и 5.000 денари за освоените прво, второ и трето место во категоријата ХОБИ, во машка и женска конкуренција, односно во категоријата ДЕЦА, од 10.000, 5.000 и 3.000 денари. Паричните награди во категоријата ХОБИ ќе се исплатат на сметка на добитникот во Халкбанк и секој од добитниците ќе добие гратис MasterCard дебитна картичка.

Како и секоја година, средствата собрани од котизацијата за учетво во трката, заедно со средства кои ги издвојува банката, ќе бидат икористени за општествено одговорни активности што се спроведуваат во рамките на платформата ХалкЕко, од кои што голем дел се насочени кон зголемување на зеленилото во државата, како во урбаните средини, така и на други локации каде што е потребно.

Како дел од ваквите акцции годинава, по повод 11 Април, Денот на планетата Земја, вработените во Халкбанк засадија голем број нови садници  во околината на филијалите на банката во Гевгелија, Струмица, Куманово, Тетово, Ресен и во Велес. Претходните години имаше зазеленување во училишни дворови и градинки во повеќе градови во земјата, а се пошумуваа и низа локации, како оние во околината на Свети Николе, изгорените падини во околината на езерото Младост и други. Преку платформата ХалкЕко досега се засадени повеќе од 33.000 дрвја.

Како еко ориентирана банка, со сите еко акции и иницијативи Халкбанк настојува да додаде видлив отпечаток кон подобра, почиста и поздрава животна средина, но и да поттикне повисока одговорност кај секој чинител во општеството.


ПР објава