Се јави уште една во врска со случајот за силување на Даниела Штајнфелд: Дали и таа е жртва на Бранислав Лечиќ?

Никако да стивне скандалот со силувањата во соседна Србија. По обинувањето од страна на 10 девојки за злоставување од страна на професорот по глума Мика Алекиќ, сега се огласи и  актерката Даниела Штајнфелд која вели дека била жртва на силување на колегата актер, режисер и поранешен министер за култура Бранислав Лечиќ. Но по неа веднаш се огласи и новинарката Христина Стоиљковиќ.

Таа е водителка на политичкото шоу „Една минута до 12“ и ја сподели својата приказна на Твитер.

Како што тврди Христина, со Лечиќ се запознала во 2019 година, на снимање на емисијата. По гостувањето, почнала да добива вознемирувачки пораки од Бранислав. Иако не одговарала, тој бил упорен.