Се онесвестил зад воланот: Автомобилот возел сам 25 км
Современите технологии му го спасија животот на овој возач.
Во неделата автомобил со онесвестен возач поминал преку 25 километри на автопатот пред полицијата да успее да го запре. Автомобилот имал вклучен темпомат и систем за одржување на лентата, а очигледно е дека рацете на возачот останале на воланот, па системот бил активен.
Како што пишува Ревијахак, инцидентот се случил на автопатот Е314 во северниот дел на Белгија. Возачите кои се движеле по автопатот забележале дека возилото „рено клио“ се движи лево-десно во сообраќајната лента и за тоа ја известиле полицијата.
Полицијата утврдила дека зад воланот има онесвестен маж, па се обидела да го запре возилото. Полицискиот автомобил се позиционираше на средината на автомобилот. Потоа внимателно ја намали брзината за Реното да се потпре на него.
Полицаецот почнал да кочи и така го запрел автомобилот. Возачот во бесознание е пренесен во болница, а неговата здравствена состојба не е позната.
Фото: unsplash