Се породи Емили Ратајковски: Таа сепак го откри полот на детето
Манекенката Емили Ратајковски се породи и стана мајка на
момче, а оваа добра вест ја објави на својот Инстаграм профил, каде ја објави
првата фотографија од наследникот од родилиштето, секако на нејзин начин.
Емили под фотографијата на која го дои бебето, напиша дека се породила пред три дена, на 8 март, што е веројатно најубавиот подарок за Денот на жената.
„Се роди Силвестер Аполо. Сили пристигна на 8 март 2021, на најнереалното, убавото и најисполнетото утро со љубов во целиот мој живот“, напиша манекенката.
Нејзините следбеници и честитаа, а фотографијата сега има повеќе од два милиони лајка.
Да потсетиме, Емили ја откри среќната вест за бременоста во интервјуза списанието „Вог“ во октомври 2020 година. Манекенката и нејзиниот сопруг Себастијан, кои се во брак од 2018 година, по тој повод го информираа светот дека нема да го знаат полот на бебето до раѓањето.
Фото: Инстаграм/emrata