Се посвети на религијата и го промени имиџот: Џејк од „Два ипол мажи“ денес е непрепознатлив!

Актерот Ангус Т. Џонс стана популарен благодарејќи на улогата на Џејк Харпер во хумористичната серија „Два ипол мажи“. Во серијата започна да глуми на 10 години, заедно со Чарли Шин и Џон Крајер. Порасна пред камерите и многу брзо стана популарен. Заработуваше по 350.000 долари од епизода, но со текот на времето ја запозна и другата страна на успехот. Имено, во еден момент сфати дека серијата не е за него и се проба во религијата.

Им се обрати на своите обожаватели: „Престанете да гледате „Два ипол мажи“, бидејќи таа серија ви ја полни главата во смет. Луѓето велат дека тоа е за забава, но не е и затоа истражете како телевизијата влијае на вашиот мозок. Истражете малку и сами ќе заклучите колку тоа е лошо“ - им порача кога се одлучи да ја напушти серијата. Пред да ја напушти, правеше крштевка и се посвети на верата, а се повлече и од јавниот живот. Веќе долго време живее далеку од очите на јавноста и потполно го помени својот имиџ.