Се продава беспрекорното Порше 911 Карера на Марадона

Прекрасниот модел на Порше 911 Карера, кој некогаш бил во сопственост на покојната фудбалска легенда Диего Армандо Марадона, во моментов е на аукција ...

Спортскиот автомобил изгледа како да не е управуван речиси никогаш и покрај фактот што неговиот легендарен сопственик успеа да испише 120.000 километри на километражата. Ова е многу нормална километража, особено ако имаме во предвид дека ова е единица што се појави во ограничена серија Карера, создадена специјално од Порше во раните 90-ти.

Во ноември 1992 година, Ел Диего ги презеде клучевите од тогаш комплетно новиот Type 2 Carrera 2 WTL - Works Turbo Look - автомобил, еден од само 1.200 што некогаш излегоа од монтажната линија во двегодишната фаза на производство. 

Спортскиот автомобил на Марадона стана достапен преку аукциската куќа Bonhams, која го опишува во практично оригинална состојба, вклучувајќи го и оригиналниот мотор Carrera 2 со моќност од 250 КС. 

Ова Порше, исто така, ја задржа својата уникатна сребрена боја, проследена со елегантен кожен ентериер, во комбинација која е денес елегантна како и во 92 година.

Како што се очекуваше, оваа Карера веројатно може да започне од цена по 150 000 до 200 000 евра...