Спорт // Спорт
Се редат критиките, Ѓоковиќ, Мареј, Надал се против одлуката на Вимблдон за тенисерите од Русија
Одлуката на организаторите на Вимблдон да не им дозволат настап на тенисерите од Русија на годинашново издание предизвика многу реакции кај големите тениски ѕвезди.
Се огласија Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј кои го осудија потегот за забрана, а последен во низата на кого не му се допаѓа одлуката е Рафаел Надал.
„Мислам дека не е фер оваа одлука, тие (тенисерите од Русија) немаат никаква вина за случувањата во Украина, мислам дека никој не го принуди Вимблдон да донесе ваква одлука, ова не е фер кон моите колеги од Русија“ – изјави Надал.