Се вратиле од одмор по 4 месеци, а тоа што ги дочекало не го очекувале ни во лудило: 11 милиони луѓе ја виделе катастрофата (ВИДЕО)
Еден брачен пар решил да се „почасти“ така што ќе замине на четиримесечно патување околу светот, па пред големата авантура за секој случај го провериле секој уред во куќата.
Родителите на Сара Хејворт не очекуваа дека луксузниот фрижидер ќе ги „надмудри“ и ќе создаде целосен хаос.
Сопружниците имаат фрижидер со замрзнувач и апарат за правење мраз, пренесува LadBible.
Со оглед на повеќемесечната авантура, тие решија да го прекинат (автоматското) производство на мраз, со отстранување на корпата за складирање.
@twoticketstosaradise My parents got back home from traveling for 4 months and sent me this. Apparently you have to turn off the ice maker and not just take it out of the door! #oops#oopsie#iceicebaby#whatamess#fy#fyp#fypシ#icecube#funny#whoops original sound - Sara Hayward
Мислеле дека тоа ќе биде доволно, но по враќањето ги чекало вистинско изненадување.
Во видеото кое има 11 милиони прегледи, го гледаме таткото на Сара како се обидува да ја отвори вратата од фрижидерот, но тоа не е лесна задача.
Кога успеал во намерата, куп коцки мраз кои уредот непрекинато ги произведувал четири месеци се истуриле на подот!
„О Боже“, извика сопругата пред да почнат да се смеат заедно.
Нивната ќерка во коментарите објаснила дека фрижидерот има сензор кој ја контролира количината на мраз во кофата, а кој едноставно е „измамен“.
„Ја изнесоа надвор мислејќи дека ќе ја исклучат машината за мраз, но тоа беше грешка. Никогаш не сум ја слушнала мајка ми да се смее така. Беше фантастично".