Автомобили // Автомобили
СЕ ЗАПАЛИЛА ЦИСТЕРНА СО НАФТА: Пожарот изгаснат, сообраќајот бил во прекин во струмичко
РЦУК – Струмица, известува дека во 09:18 часот настанал пожар на камион на кој што му се дупнала гумата и истиот превезувал 20 тони на нафта.
"Со пожарот бил зафатен задниот дел на камионот (кај гумата). Камионот се запалил на 1 км од с.Владиевци на патниот правец Струмица-Радовиш. Во период од 09:18 до 09:55 часот, патниот правец Струмица-Радовиш бил во целосен прекин. Камионот е изгаснат од страна на ТППЕ Струмица кои интервенирале со 6 пожарникари и 2 ПП возила , а 4 полицајци вршеле контрола на сообраќајот. Нафтата ќе биде префлена во друга цистерна и пренесена до крајната дестинација,велат од ЦУК.
Извор: faktor.mk