Се жени синот на најскандалозниот султан, а свадбата ќе трае 10 дена: Принцот успеа да го скроти оваа убавица

Принцот Абдул Матин од Брунеи, синот на најбогатиот, но и најскандалозниот султан на светот, Хасанал Болкиах, беше познат по тоа што е ерген за кој фантазираа жените ширум светот. А, верувале или не, животот му го променил другарка од детството.

Но, неговиот љубовен статус ќе се промени на почетокот на следната година. На патот на екстравагантниот живот на принцот му застана другарка од детството, кого следната година ќе го однесе до олтарот.


Кој е принцот Абдул Матин?

Роден е на 10 август 1991 година и има 32 години. Привлекува внимание каде и да се појави, а на социјалните мрежи често објавува провокативни фотографии.

Дипломирал меѓународна политика на Кралскиот колеџ во Лондон и е пилот на хеликоптер во војската. Тој е и активен спортист кој игра поло во репрезентацијата на Брунеи, а ужива и во скијање, скокање со падобран, нуркање и играње голф.


На Инстаграм тој редовно се фали со својот луксузен живот, хоби и страсти, кои вклучуваат собирање тигри и други диви животни.

Овој убав принц е десеттото дете на султанот Хасанал Болкиах и петти во редот за наследување.


Која е неговата идна сопруга?

Избраницата на овој принц е Аниша Роснах бинти Адам, негова познаничка од детството и внука на еден од советниците на султанот од Брунеи.


Според странските медиуми, оваа моќна убавица е многу способна деловна жена. Таа е сопственик на компанија за производство на свила, а поседува и туристичка агенција.

Нејзиниот брат е близок пријател на принцот. Веста за нивната врска не е нова, бидејќи Аниша веќе го придружувала принцот на свадбите на неговите сестри.


Кралската венчавка, како што е вообичаено кога султанот од Брунеи жени еден од неговите потомци, ќе трае десет дена, а веселбата ќе започне на 7 јануари. Исламската церемонија ќе се одржи на 11 јануари, а граѓанската венчавка на 14 јануари, по што ќе следи свечен банкет.

Foto: tmski / Instagram