СЕ ЗГОЛЕМИЈА ТРОШОЦИТЕ ЗА ЖИВОТ: Што најмногу поскапе?

Трошоците на животот во август годинава, во однос на август лани, се зголемиле за 4,4 отсто, а цените на мало за 4,1 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС).
На месечно ниво инфлацијата во август се зголемила за 0,2 отсто во однос на јули, а цените на мало се намалиле за 0,7 отсто.
Зголемувањето на инфлацијата во август 2025 година, во однос на јули 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во групите: Ресторани и хотели за 2,1 отсто, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,7 отсто, Храна и безалкохолни пијалаци и Разновидни стоки и услуги за 0,6 отсто, Рекреација и култура за 0,3 отсто и Алкохолни пијалаци, тутун за 0,1 отсто.
Во август 2025 година, во однос на јули 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: Транспорт за 3,1 отсто, Облека и обувки за 0,6 отсто, Здравје и Образование за 0,1 отсто.
Трошоците на животот во групите Домување, вода, електрика, гас и други горива и Комуникации остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
foto freepik.com