Се журкал на песните на Северина: Вака холивудската ѕвезда Кевин Спејси ја дочека новата година во Загреб (ВИДЕО)
Холивудскиот актер Кевин Спејси деновиве е во Хрватска каде со песните на Северина ја дочека Новата 2022 година...
Кевин ја дочека Новата 2022 година во загрепскиот клуб во друштво на менаџерот Еван Ловшнтин, режисерот Јаков Седлар, неговиот син Доминик и продуцентот Фран Јурај Прижмиќ. Имале ВИП место, а цело време ги чувало обезбедување.
Тие беа послужени со вечера во клубот, а подоцна уживаа во вотка и шампањ.
Спејси бил дотеран, а носел бела кошула над која имал црвена маица и темно сина јакна и панталони.
Актерот беше одлично расположен, а особено го импресионираше песната на Северина „Италијана“.
- Беше навистина прекрасно, Кевин Спејси беше воодушевен бидејќи луѓето го прифатија како човек и се однесуваа многу убаво со него. Една точка беше изведена во клубот, кој беше направен по моделот на филмот „Американска убавица“ во кој тој игра, луѓето потоа танцуваа и сакаа да се сликаат со него. Спејси отишол да спие во хотел во 1 часот по полноќ - изјавил Јаков Седлар за Јутарњи.хр.
Тој објаснил каков човек е Кевин, со оглед на тоа дека е голема холивудска ѕвезда.
- Тој е едноставен човек, без посебни желби, а основата на неговото доаѓање е пред се пријателството, а деновиве ќе се договориме за проектот - додаде Седлар.
Фото: принтскрин видео