СЕДМА ЈУГОСЛОВЕНСКА РЕПУБЛИКА: Најголемиот ја криеше оваа тајна од сите, формирана е целосно независна држава во рамките на СФРЈ

Кон крајот на Втората светска војна, во мај 1945 година, едно во опустошено војводинско село кај Нови Сад се населиле невообичаени бегалци - комунисти од Грција.

Во селото Буљкес, во кое до крајот на Втората светска војна живееле Германци, Грците имале собрание, полиција, единствена валута, весници, театар и други институции поради што некои го нарекувале „седма југословенска република“.

„Тоа село стана некој вид на автономна територија, бидејќи југословенските власти, организацијата на животот во селото ја препуштиле на припадниците на грчката комунистичка партија“ - вели за Би-Би-Си српскиот историчар и професор на Филозофскиот факултет, Милан Ристовиќ.

Околу 4.000 припадници на левичарската Народноослободителна армија на Грција, вооруженото крило на Народноослободителниот фронт, своето последно засолниште од борбата го најдоа во Буљкес.

Помеѓу нив бил и Фило Козмидис, 36 - годишниот партизан од Солун со големо воено искуство. Имал семејство и две ќерки во Грција од кои се откажал и така ги спасил од одмаздата на мохархистите во оваа земја.

Со текот на времето бројката на жители во Буљкес пораснала на повеќе од 5.000 луѓе.

Грците во него живееле мирно до раздорот помеѓу Тито и Сталин, по што голем број од нив, кон крајот на 1949 година го напуштиле Буљкес и заминале во земјите од источниот блок. Мал дел од нив останал во Југославија.

По заминувањето на Грците, во Буљкес пристигнале колонисти од другите делови на Југославија, најмногу од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и јужна Србија.

Селото со доаѓањето на новите жители го променило името во Маглиќ, по планинатата на границата помеѓу Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Според пописот на жители од 2011 година, во Маглиќ живеат 2.486 луѓе, поголемиот број од нив се Срби. Денес Грците и нивните потомоци скоро па и ги нема во ова село.

Грчки остров на Панонското море

Статусот автономна територија или „грчка република во Југославија“, како што Ристовиќ го нарекува ова село во книгата „Експеримент Буљкес“, е добиен благодарејќи на врската помеѓу југословенските и грчките партизани.

Текстот продолжува после огласот

„Беа во привилегирана позиција и немаа третман на класични бегалци, но практично беа бегалци“ - вели за Би-Би-Си Уранија Козмидис Лубуриќ, професорка на новосандскиот Факултет за технички науки и раководителка на катедрата за физика.

Нејзиниот татко Фило како дете побегнал во Грција од родната Одра во Турција. По Втората светска војна, тој повторно станал бегалец.

Во Југославија дошол преку Бугарија, како трет човек во левичарската Народноослободителна армија на Грција, со намера да ги пречека своите соборници.

„Беше голем противник за приватните имоти и никогаш не покажа желба за нешто да биде негово“ - се присетува Лубуриќ.

Козмидис бил комесар на комуната задолжен за снабдување на Грците со храна и други производи.

„Жестоко се бореше за Грците да го добијат најдоброто. Државата водеше сметка за нив, можеби и повеќе отколку за луѓето од Југославија, за да им ја покаже таа голема комунистичка солидарност“ - наведува Лубуриќ.

Во една прилика Грците добиле гнили јаболка, поради што Фило протестирал и ги вратил назад.

Тогаш го запознал ИдаСабо, партизанка, во тоа време социјално - политичка работничка и пратеничка задолжена за бегалците.

Ристовиќ вели дека главниот орган за одлучување во комуната бил одборот, односно „селската влада“ составена од највлијателните луѓе од доверба на Комунистичката партија на Грците.

Покрај одборот, во Буљкес постоеле и други институции, како полиција и затвор, како и училиште, печатница, театар и кино.

Во селското училиште се одржувала настава на грчки јазик, а од печатницата излегувал весникот „Гласот на Буљкес“, како и други публикации и политички памглети, исто така на грчки.

Селото имало големи обработливи површини и сточни фарми, па селаните се занимавале со земјоделие.

Основале и задруги, а произведувале и тули во некогашната германска циглана.

Буљкес печател и пари - буњкески динар, кој се користел како средство за плаќање и важел само на територијата на комуната.

Буљкес за време на граѓанската војна во Грција

Во книгата „Втората светска војна“, британскиот премиер Винстон Черчил опишува дека во октомври 1944 година се договорил со Сталин за Грција да се остави на „британското влијание“.

Во Грција во декември таа година избил раздор помеѓу комунистите и војската под контрола на владата, но Станил го одржал дадениот збор и не ги поддржал комунистите.

Во фебруари 1945 година двете страни потпишале примирје според кое левичарската Народноослободителна армија на Грција требало да биде разоружена.

Грците кои се населиле во Буљкес во мај 1945 година не се сложувале со тоа помирување. 

Поголемиот дел биле членови на Комунистичката партија на Грција и „најрадикалните припадници на левичарската Народноослободителна армија на Грција“. Мал број на бегалци биле цивили - жена, деца и постари.

Кога во 1946 година во Грција започнала граѓанската војна, Буљкес станал центар за закрепнување на борците и обука на новиот кадар, благодарејќи на југословенските власти.

„Она против што владата во Атина протестирана е постоењето на, што во пропагандата е наречено, воена академија. Тоа всушност биле курсеви кои траеле околу три месеци, а потоа курсистите биле враќани преку границата во Грција за да станат дел од кадарот“ - наведува професорот Ристовиќ.

На тој начин југословенските власти биле главен сојузник „од сенка“ на Демократската армија на Грција - комунистичките борци во граѓанската војна.

Грчката кралска влада и западните сојузници ја обвиниле Југославија дека „активно и помага на граѓанската војна“, по што југословенските власти им дозволиле на странските медиуми да го посетат Буљкес.

„Во архивите постојат инструкции како се подготвувале за тие посети, дека оние кои ќе зборуваат со странските новинари да не го кажуваат своето вистинско име и да зборуваат само она што би ги побиле обвинувањата дека тоа е некој вид на воен логор, туку дека е само една бегалска комуна“ - додава Ристовиќ.

Со текот на времето, Велика Британија, Грција и ја препуштила на Америка, а самата граѓанска војна завршила во октомври 1949 година со победа на монархистите.