„Сега имаме потврда“: Јелена Карлеуша за прв пат призна каков однос има со сопругот Душко

Пејачка искрено и без извртување за бракот!

Јелена Карлеуша синоќа настапи во Копаник во рамки на фестивалот „Music week“ и приреди задоволство за паметење на насобраната публика.

Популарната пејачка пред да излезе на сцената одговараше на бројни новинарски прашања, а се осврна и на настапот на ќерката на поп непријателката Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Од седмата сила не пропуштија да ја прашаат ЈК за состојбата во нејзиниот брак, па се интересираа каков однос има со сопругот Душко Тошиќ.

- Со Душко секогаш се беше во ред. Дали нешто не е во ред со него? Мислам дека секогаш го тврдев тоа, а сега имаме потврда – низ смеа одговорила Карлеуша.

Да потсетиме, Јелена Карлеуша на почетокот на 2022 година го пријави сопругот за насилство, при што му беше изречена забрана за приближување. Брачната двојка во оваа прилика мудро молчеше пред јавноста, а се чини дека кризата е зад нив.

Јелена на социјалната мрежа Инстаграм откри што се крие зад нејзиниот успех и кои се луѓето кои ја следат:



Фото: Инстаграм/Јелена Карлеуша