Сегашната и поранешната сопруга заедно со децата: Семејната фотографија на Брус Вилис ги трогна фановите на славниот актер
Сопругата на Брус Вилис, Ема Хеминг (45) објави емотивна фотографија по повод Денот на благодарноста. Таа сподели фотографија од март, од прославата на 68. роденден на актерот. Ова беше нивниот прв Ден на благодарноста откако на актерот му беше дијагностицирана деменција.
- Благодарна сум што знам за овој вид на љубов. На сите ви посакувам среќен Ден на благодарноста – напиша таа во описот.
На фотографијата се сите членови на нивното семејство, вклучувајќи ја и поранешната сопруга на Вилис, Деми Мур и нивните три деца - Румер, Талула и Скаут. Со нив беа ќерките на Ема и Брус, Мејбел и Евелин.
На прославата беа и партнерот на Румер, Дерек Ричард Томас и Џејк Милер, партнер на Скаут Вилис.
Ема неодамна зборуваше за болеста на актерот.
- Се борам со чувството на вина бидејќи знам дека имам ресурси кои другите ги немаат. Кога имам можност да одам на прошетка за да си ја разбистрам главата, размислувам за фактот дека тоа не го можат сите партнери кои се грижат. Кога нешто што го споделувам ќе привлече медиумско внимание, знам дека има илјадници нераскажани приказни таму, од кои секоја заслужува сочувство и грижа - рече таа.
Фото: Инстаграм
Извор: www.24sata.hr