Сејдини и Поповски: Посветено работиме на развој на сите сегменти на фудбалската игра

Фудбалската федерација на Македонија за прв пат, воопшто, надвор од рамки на УЕФА, е организатор на првиот регионален  фитнес камп / семинар за судии. 

Нашата федерација е иницијатор и целосно го организира кампот на кои учествуваат судии (машка и женска судиска тројка) од десет држави од регионот. 

За предавач на семинарот, ФФМ успеа да го обезбеди Вернер Хелсен. Главниот тренер за судии на УЕФА ги селектираше и подготвуваше судиите за последните три Светски првенства и последните шест Европски првенства. 

На отворањето на семинарот, присутните судии од Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, Косово, Романија, Бугарија, Албанија и Македонија беа поздравени од раководството на ФФМ, претседателот Муамед Сејдини и генералниот секретар, Филип Поповски.

“Ние како Фудбалска федерација на Македонија веруваме дека само со работа може да се постигне развој на сите полиња. Затоа и во овој сегмент, за развојот на судиите сметаме дека е неопходна континуирана едукација на сите нивоа за да се достигне повисок степен на знаење, но исто така и на физичка подготвеност. Целосно стоиме на располагање, како и досега, на сите наши заинтересирани страни да ја обезбедиме поддршката и да се посветиме на развојот на фудбалската игра, изјави во своето обраќање претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини. 

“Наша цел и овој пат, со организација на првиот семинар во ваква рамка е да размениме знаења и искуство во делот на судењето и фитнес подготовката на судиите, но исто така и да изградиме нови мостови на соработка и поврзување. Делот од предавањата и практичната подготовка сакавме да го прошириме со останатите колеги од регионот, како што впрочем го правиме во останатите сегменти на фудбалската игра. Благодарност до сите кои придонесуваат да имаме убаво и искуство кое ќе не направи и посилни и побогати со знаење”, изјави генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.