Секој успех мамо беше за тебе и сите следни: Јелена Карлеуша емотивно
Поминаа две години откако почина Дивна, мајката на српската дива Јелена Карлеуша.
Таа со емотивен статус на Инстаграм објави и фотографија, а еве што напиша:
Само ги затворам очите и тука си ... го слушам твојот глас и сè е во ред. Те сакам, не грижи се ...
25.01.1958.-03.03.2019 година Дивна
(Сликата е направена во болницата на Воената медицинска академија, ја фотографирав убава и насмеана додека одевме на хемотерапија. Таа прими безброј од нив, секогаш насмеана и никој не можеше да види колку и е тешко ... да не видам јас ... Кој ја знаеше Дивна знае дека таквата жена не може да се опише со зборови ... и ја ставив оваа слика само за луѓето да видат колку е убава ... мојата ...љубов, мојот борец, моето засолниште од злото , мојот мир ... Секој мој успех беше заради неа, да биде горда ... и сите ќе бидат за неа)