„Секој зрак на сонцето ќе споделам со тебе, ќе живееш Боко“: Се огласи сестрата близначка на Бојана - Ивана Шкориќ скршена од болка

Ивана Шкориќ проговори за смртта на нејзината сестра близначка Бојана Јанковиќ.

Поранешната водителка Бојана Јанковиќ била пронајдена мртва во петокот во 19 часот во својот стан. Нејзиното тело е испратено на обдукција.

Многумина кои ја познаваа останаа шокирани кога дознаа дека водителката на некогаш култното шоу „Сити“ почина на 46-годишна возраст. Бојана зад себе ја остави и својата сестра близначка Ивана Шкориќ, која сега се огласи на Инстаграм. 

Нејзиното срце било скршено, но собрала сила да објави фотографија од детството од неа и нејзината сестра заедно со нејзините зборови кои го кинат срцето.

„Секогаш и засекогаш, Ика Бока. Ќе живееш во моето срце во мене, врежано во моето срце, во меморијата, во секој здив што го земам, ти си таму. И знам дека го знаеш тоа, Бока. Секој зрак на сонцето ќе споделам со тебе, секоја насмевка ќе ја почувствуваш и ти, а сето она што го прави овој живот вреден засекогаш ќе живееш во мојата душа... Тоа и двете го знаеме“, напиша Ивана.

Фото:Инстаграм
Извор: Mondo.rs