Секоја минута се брои: Колку заработува најбогатото семејство на светот?

Кога ќе го завршите текстот со читање, најбогатото семејство на светот ќе биде побогато за уште 70.000 долари.

Тоа значи дека за само еден час тие заработуваат 4.2 милиони долари, а во исто време утре ќе бидат побогати за 100 милиони долари.

Семејството Волтон од Њујорк, сопственици на најпознатиот американски малопродажен ланец „Walmart“, располагаат со нешто повеќе од 190 милијарди долари.

Тоа е за 39 милијарди повеќе од јуни претходната година, објави „Blumberg“ американсаката бизнис мрежа, чиј сопственик Мајкл Блумберг управува само со 60 милијарди долари.

Во семејството најбогат е Џим со богатство проценето на 48.8 милијарди долари, па после него е неговиот брат Роб со 48.6 милијарди долари, а по нив е и сестрата Елис со 48 милијарди.

Лукас Волтон, синот третиот брат Џон, кој починал во 2015 година, располага со богатство од 16.7 милијарди долари.