Секс рекорди од кои ќе ви се заврти во глава: Во најголемите оргии учествувале 250 парови, а раскошната Лиза имала секс со неверојатен број мажи во еден ден


Луѓето сакаат да соборуваат рекорди, а од овие може да ви ја завртат глава. Некои не се рекордери „по своја вина“, така се родени, а други морале да се мачат за да се најдат на оваа чудна листа.

Најдолг пенис

Во моментов најголем пенис има Американецот Џон Фалкон. Неговата „гордост“ е долга 34 сантиметри кога е во ерекција, а 24 сантиметри кога е опуштен. HBO сними и документарец за него Private Dicks: Men Exposed, а неодамна предизвика скандал кога обезбедувањето го приведе на аеродромот бидејќи неговиот пенис беше оценет како сомнителна содржина скриена во гаќите.

Најдалечна ејакулација

Хорст Шулц држи неколку рекорди поврзани со ејакулација: најоддалечена ејакулација (6 метри), најголема (речиси 4 метри) и најбрза брзина на ејакулација (68 километри на час).

Најстарата проститутка

Најстарата жива проститутка е „Бака“, како што ја нарекуваат жителите на Таи Пеи. Оваа 84-годишна жена започнала со проституција пред околу 40 години кога и починал партнерот со кој живеела 20 години. Таа остана во бизнисот и во „пензија“, но на клиентите им наплаќа 10 до 20 пати помалку од стандардните цени.

Најголемите оргии во светот

Јапонците го соборија овој рекорд. 250 парови, тестирани за сексуално преносливи болести, се собрале во голем магацин и ја снимиле ’најголемата оргија‘ пред камерите, но паровите не се мешале меѓу себе и сексот бил кореографија, односно сите менувале пози во исто време. Снимањето на целиот настан е документиран во форма на (цензурирано) ДВД.

Најмногу сексуални партнери во еден ден

Американската порно актерка Lisa Sparxxx го собори овој рекорд така што имаше „секс“ со 919 мажи во еден ден, сето тоа како дел од Еротикон, големата конвенција одржана во Полска во 2004 година. Лиза лежеше таму, а мажите доаѓаа кај неа на неколку секунди, само да ја „поздрават“.

Најдолгата мастурбација

Јапонецот Масанобу Сато учествуваше на маратонот за мастурбација во 2009 година во Сан Франциско. Вооружен со разни сексуални помагала издржа 9 часа и 58 минути, но во 2012 година рекордот го собори порно актерот Сони Неш со 10 часа и 10 минути нонстоп мастурбација.

Најголемата вагина

Сопственичка на најголемата вагина во историјата е Ана Сван (1846-1888) од Шкотска. Тоа не е единственото нешто по што таа е рекордерка. Била висока дури 233 сантиметри, работела во циркус каде го запознала својот сопруг со слична висина и со тоа станале највисоката брачна двојка во историјата. Тие заедно го зачнале најголемото дете во историјата, кое при раѓањето тежело речиси 12 килограми. Детето, кое за жал починало веднаш по раѓањето, имало глава со дијаметар од 48 сантиметри, што ја прави и вагината на Ана најголема во светот.

Најстариот татко

Рамаџит Рагав од Индија ја доби титулата најстар татко на светот кога стана татко на 96-годишна возраст. Неговата сопруга Шакунтала Деви имала 52 години кога го родила своето второ дете.

Фото:screenshot