Село во Англија нуди бесплатно сместување за осамени луѓе
Дали се сеќавате на заплетот на филмот „Љубов и празници“ во кој две жени разменуваат куќи за да избегаат од секојдневниот живот?
Па, ова село во Англија нуди бесплатно сместување на луѓе кои останале сами и напуштени!
Инспирирани од филмот, Британците наместо да плачат на туѓи раменици, им нудат на сите што неодамна останале соло, да добијат тридневно бесплатно сместување во Котсволдс - токму таму каде што Кејт Винслет ја остави својата колиба на Камерон Дијаз (во филмот).
Котсволдс е едно од оние места што лесно може да стане единица мерка за шарм, па затоа не е изненадувачки што многу режисери го користат во своите дела.
Ова многу фотогенично место и неколку околни села се прогласени од британската влада како „област со неверојатна природна убавина“ што се состои од зелени или снежни долини, домашни животни, шармантни ридови, романтични села и дух на традиција што го опкружува целата недопрена природа на Англија.
Independent Cottages нуди дрвена куќа со камин во јануари, и ако сакате, можете да се загреете со придружник затоа што не е услов да одите сами таму.
Исто така, ќе ве пречека шише алкохол и чоколадо за да ги наполните батериите по летот. Куќа Farthing каде ќе бидете сместени се наоѓа недалеку од Stow-on-the-Wold, каде што можете да набавите леб, млеко и други „реквизити“ за поудобен престој.
Бидејќи сезоната на раскинување никогаш не престанува, ќе мора да ги убедите сопствениците дека сте најдобриот избор за лекување на скршено срце во една британска куќа. Затоа, подгответе ја вашата потресна приказна и уживајте во атмосферата.
извор:direktno.rs