СЕМЕЈНА ТРАГЕДИЈА: Малолетничка прегазена од својот дедо со трактор

СЕМЕЈНА ТРАГЕДИЈА: Малолетничка прегазена од својот дедо со трактор

Во земјава се чести трагедиите со трактори. Особено кога е сезона на земјоделски работи. Вчера во една таква сообраќајна несреќа животот го загубила 16-годишна девојка, која била прегазена од полуприколката на тракторот. Трагедијата е уште поголема бидејќи токму нејзиниот дедо го управувалл тракторот. Вчера во 10 и 10 минути било пријавено дека на влез во радовишкото село Габревци, малолетничката додека се возела на трактор, кој бил управуван од нејзиниот дедо, паднала и била прегзена од полуприколката, по што починала на самото место, информира Министерството за внатрешни работи. Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица извршиле увид на местото на несреќата.