Сензација на АО 2023: Надал елиминиран од 65. тенисер во светот

Американецот Мекензи Мекдоналд го приреди најголемото изненадување на Австралија Опен, го победи Рафаел Надал кој а ја заврши борбата во одбрана на титулата.

Мекензи Мекдоналд по 2 часа и 32 минути игра со максимални 3-0 го порази првиот фаворит на турнирот и бранител на титулата, Рафаел Надал немаше сили да му се спротивстави на Мекензи Мекдоналд.

За Рафаел Надал кој победи на Австралија Опен 2009 и 2022 година, ова е најрана елиминација по 2016 година кога загуби од Фернандо Вердаско во пет сета.

Мекензи Мекдоналд ги искористи сите проблеми на Надал, повредата во осмиот гем од вториот сет беше најава за поразот на Шпанецот кога го искористи правото на медицински тајмаут.

Следно за Мекдоналд на АО 2023 ќе биде подобриот од дуелот Јошихито Нишиоки и Далибор Сврчина.