Серџио Роси почина од коронавирусот: Ќе остане запаметен по најубавите чевли
Серџио Роси, основач на истоимената куќа за производство на луксузни чевли, почина на 85-годишна возраст од последиците на коронавирусот.
Беше хоспитализиран во болница во Чесена во северна Италија и почина во четвртокот вечерта.
„Неговата смрт е огромна загуба за нашата заедница“, рече градоначалничката на општината од 47.000 жители, Лусијана Гаргулија.
Серџио создате илјадници работни места за голем број жители во неговиот роден град, каде производството започна во 1951 година...
Во видео порака, таа изрази „жалење“ што поради мерките за изолација, нејзините сограѓани и властите „не можат да му оддадат почит“.
Сепак, ја одреди недела како ден на жалост за општината.
Во 1999 година, групата Гучи купи 70% од марката Серџо Роси за 96 милиони американски долари, а потоа ги купи останатите 30 проценти во 2005 година.
Роси важеше за еден од најдобрите во дизајнот на чевли кои беа синоним за врвна естетика.