Спорт // Спорт
Сергеј Милинковиќ Савиќ има две опции, но Јувентус никако не е во игра за Србинот
Лацио вчера стигна до бод на гости кај Јувентус, одигра 2-2, со тоа обезбеди пласман во Европа лигата.
Сергеј Милинковиќ-Савиќ запиша гол во 96 минута, а Србинот е интересен за неколку клуба, тој е на излезни врати од Лацио, а се споменува и Јувентус како можна опција.
Тренерот Маурицио Сари, изјави дека Сергеј Милинковиќ-Савиќ нема да оди во Јувентус, тоа е исклучена опција.
„Ние во клубот сме заинтересирани да го задржиме Сергеј, разговарав со претседателот и тој инсистира на тоа „СМС“ да остане во клубот. Ако Сергеј избере да замине, со сигурност тврдам дека нема да остане во Италија, затоа Јувентус не е опција за него“ – изјавил Сари.
Опции за „СМС“ се ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.