Шарлин проговори по гласините дека нејзиниот брак е фиктивен: Што кажа најтажната принцеза која речиси никогаш не дава интервјуа

Принцезата Шарлин се огласи по гласините дека нејзиниот брак со принцот Алберт Втори од Монако е само шоу за јавноста. Снаата на Грејс Кели и Рение III ретко дава интервјуа

Принцезата Шарлин (45) за Монако Матин, поради информациите дека нејзиниот брак е во криза, изјави дека е „среќна и мирна“. Откако со години се бореше со здравствени проблеми, поранешната пливачка рече дека е во одлична форма и ќе продолжи да спортува штом стане посилна и поенергична. Шарлин поминала три недели на Корзика со сопругот Алберт Втори од Монако (65), а потоа со семејството се вратила во Монако. Осумгодишните близнаци Габриела и Жак, кои ги има со принцот, тргнале на училиште. Според неа, таа не живее во Швајцарија, интервјуто најмногу сакала да им го посвети на децата, а на индиректен начин одговори за сомнежот за кризата во бракот.


„Првото нешто што ми се чинеше важно мене и на мојот сопруг беше да ги научиме децата да пливаат“, рече принцезата Шарлин, додавајќи дека таа и Алберт Втори од Монако не сакале да ги изложуваат ќерката и синот на голем притисок за да не го засенат нивното детство.

Веднаш штом изворот изјавил за „Voici“ дека славниот пар живее одвоено, Шарлин и Алберт, кој и самиот зборувал за здравствените проблеми на неговата сопруга, почнале интензивно да се појавуваат заедно во јавноста - објавија слика со своите деца во чест на почетокот на новата учебна година и за девет дена присуствуваа на седум јавни настани.


Принцезата Шарлин е отсутна долго време, а со месеци не се појавува во Монако. Во меѓувреме, поранешната љубовница на Алберт, Никол Кост, стануваше сѐ поизразена во очите на јавноста. Ова предизвика гласини дека се разгорела страста меѓу поранешните љубовници. Можеби не е чудно што принцот изјавил за италијанските медиуми: „Шарлин е со мене. Не ги разбирам сите тие гласини што ме повредуваат, дека живее на друго место за да се гледаме само со договор, тоа не е вистина. "

Како и секогаш, толку многу конфликтни детали во приказната за принцезата Шарлин.

Извор: zena.blic.rs