Последните зборови на истражувач пред да биде изеден од канибалско племе: Неговото исчезнување е мистерија

Имал само 23 години кога тргнал во својата втора експедиција кај племето Асмат, познато по ловење и ритуален канибализам. На првото патување бил пречекан со срдечност, но второто завршило трагично.
Неговиот кану се превртел три милји од брегот. Во тој момент, Рокфелер му ги упатил последните зборови на својот колега, антропологот Рене Васинг: „Мислам дека можам да стигнам“ – и се фрлил во водата. Никој повеќе никогаш не го видел.
Официјално, неговата смрт била прогласена за давење, иако телото никогаш не било пронајдено. Децении подоцна, историчарот Карл Хофман изнесе шокантна теорија – Рокфелер не го однеле брановите, туку Асмат воините.
„Неговото убиство не било чин на крвопролевање, туку дел од нивната космологија. На тој начин ја враќале рамнотежата и моќта во нивниот свет,“ објаснува Хофман.
Според наводите, кога Рокфелер, изморен, стигнал до брегот, воините го пречекале со копје во ребрата, а неговото тело завршило во ритуал кој вклучувал и канибализам.
Кобна случајност била тоа што само неколку недели претходно холандските власти убиле пет Асмат воини. Кога младиот Американец се појавил на нивниот брег – сам и беспомошен – племето во него видело прилика за одмазда и обновување на „рамнотежата“.
Иако од тој настан поминале повеќе од 60 години, Западна Папуа и денес се смета за опасно место. Туристи и инфлуенсери повремено се обидуваат да „доживеат авантура од животот“ – што често завршува со апсење или трагедија. Пример од оваа година е патник кој се обидел да подари лименка кока-кола на изолирано племе – и веднаш бил уапсен.
Приказната за Мајкл Рокфелер останува морничав потсетник: авантуризмот има цена, а кога ќе зачекориш во свет каде што владеат сопствени правила, можеш да се вратиш како легенда – или воопшто да не се вратиш.
Извор