Шерон Стоун за загубата на старателството над нејзиниот син: Само сакав повторно да го прегрнам и да го вратам назад

Актерката раскажува дека не можела да се фокусира на ништо друго освен повторно да го прегрне својот син и да го врати назад. Актерката за магазинот „Сага“ откри дека само лежела и плачела со денови.

Познатата холивудска актерка Шерон Стоун проговори за тешкиот период од нејзиниот живот низ кој поминала пред 13 години, кога го загуби старателството над нејзиниот син Роан.

Не можејќи да имаат деца со нејзиниот поранешен сопруг Фил Бронштајн, парот во 2000 година го посвои момчето Роан Џозеф

- Откако го изгубив основното старателство над Роан, едноставно не можев повеќе да функционирам. Лежев на каучот по цел ден и бев уморна од плачење секој ден - призна Шерон.

Шарон додаде дека не можела да се фокусира на ништо друго освен повторно да го прегрне својот син и да го врати назад.

Да потсетиме, откако се разведе од поранешниот сопруг во 2004 година, четири години подоцна го загуби старателството над нејзиниот син Роан. Можеше да го гледа само еднаш месечно.

Инаку актерката Шерон Стоун има уште две посвоени деца.. Во 2004 година се разведе од Фил, но тоа не ја спречи актерката самостојно да го посвои момчето Лаирд Вон во 2005 година и Квин Кели Стоун во 2006 година.

извор: telegraf.rs
фото:profimedia