Шест месеци грејс период за сите кредити од УНИБанка без зголемување на ратата во останатиот период
Во услови на отежната можност за плаќање на кредитните рати УНИБанка им излегува во пресрет на сите свои клиенти кои се соочуваат со финансиски проблеми. Како одговорна компанија насочена секогаш кон потребите на клиентите, банката им нуди на сите физички лица корисници на кредитен производ шестмесечен грејс период во кој практично нема да ги плаќаат достасаните кредитни рати. Можноста се однесува за сите типови кредитни продукти односно за потрошувачките, станбените и хипотекарни кредити како и поволности за кредитните картички и дозволеното пречекорување односно дозволениот минус на трансакциската сметка.
Можност за одложување на плаќањето во рок од шест месеци добиваат сите клиенти со функционални кредити.
УНИБанка ја креираше понудата согласно препораките на Народната банка и Уредбата на Владата и на своите клиенти им нуди можност и олеснителни околности во овој потежок економски период, време кога економската кондиција претпоставено е отежната.
За кредитите кои имааат точно определни месечни рати на отплата какви што се потрошувачките, станбените и хипотекарни кредити се нуди грејс период од дури (шест месеци) во кој клиентите нема да плаќаат ниту главница ниту камата, а првата следна рата (ануитет) ќе доспее по 10 октомври 2020 година.
Друг важен услов е дека по грејс периодот нема да се зголемува ратата, а ќе се задржи сегашната висина, односно ќе се пролонгира крајниот рок на важност на договорот.
6 - месечeн грејс период е даден и за кредитните картички, а во тој период имателите на картички нема да треба да плаќаат ништо од искористениот кредитен лимит, односно нема да достасува месечен износ за плаќање. Ако до 30 октомври достасува рокот на користење на картичката тој ќе биде продолжен за нови 12 месеци, а во грејс периодот банката единствено ќе пресметува и ќе наплатува камата.
Од УНИБанка известуваат и дека одобрениот лимит за дозволеното пречекорување нема да се намалува до 30 септември годинава, без оглед дали на сметкатата има редовен месечен прилив.
Клиентите на банката кои сакаат да ја одбијат понудата треба да ја изестат УНИБанка во рок од десет дена. Тие кои нема да ја одбијат автоматски ја прифаќаат.
Во овој период Банката нуди соодветни решенија и олеснувања на сите свои корпоративни клиенти-кредитокорисници.
УНИБанка како и во досегашното работење, ќе има индивидуален пристап кон секоја компанија, соодветно на специфичноста на нејзината дејност, опкружување и финансиската проекција за периодот кој следи.