Автомобили // Автомобили
Шеста година по ред во Скопје се одржува „Gentleman's Ride“: На мотори во костуми мажите продефилираа по улиците
Во Скопје денеска стотина вљубен
ици на моторите облечени во елегантни костуми продефилираа низ улиците со една цел - да ја подигнат свеста кај јавноста за машкото здравје и борба против ракот на простата. Овој настан се одржа како дел од глобалното движење „The Distinguished Gentleman's Ride“.Движењето годинава одбележува јубилеј од 10 години, а во Скопје истото се одржува по шестти пат. Над 340.000 учесници од 107 држави ширум светот се вклучени во овој глобален настап.
На глобално ниво, досега собрани се 27,5 милиони долари како поддршка во борбатата против ракот на простата.
Инаку, движењето го започна Марк Хава во 2012 година, кога во Сиднеј одбелечен во костим заедно со своите пријатели продефилира низ улиците во чест на неговиот пријател, кој ја изгубил битнитката со оваа болест.