Шкендија вечерва го пречекува ерменски Арарат, на дуелот во Скопје ја прифаќаат фаворитската улога

Шкендија во улога на фаворит, вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ од 20 часот, го пречекува Арарат од Ерменија, натпревар од Конференциската лига.

Тренерот на тетовчани, Артим Шаќири, смета дека екипата е подготвена, најави максимално залагање на екипата.

„Добро сме подготвени иако сме фаворити на хартија, максимално го анализиравме противникот, влегуваме без да го потцениме Арарат, и ќе мора да одиграме максимално за победа“, изјави Шаќири.


Егзон Бејтулаи, најави дека сите во екипата се надеваат на победа, и подолго да останат на европската сцена.

„Имавме две неуспешни сезони во европските натпревари, сега сме спремни повторно да донесеме добри екипи во Скопје, да играме подолго во Европа, имаме добра атмосфера во екипата и сакаме победа“, изјави Бејтулаи.