Шкупи доведе уште еден напаѓач, Ѓорѓиев е нов член на шампионот

Пепи Ѓоргиев од редовите на Академија Пандев, се сели во составот на шампионот Шкупи.

Шкупи сега добива добар напаѓач, Ѓорѓиев во јануари дојде во Стумица од албанска Теута, по една полусезона, сега е член на Шкупи.

Ѓорѓиев играше и за Силекс и Беласица, Шкупи е доста активен на трансфер пазарот, досега потпиша со Ангелче Тимовски, Кристијан Ацковски, Алекс Златков, Марио Ричков, Антонио Каланоски и Благоја Спиркоски.