Шкупи одличен, Селдоски вели дека сериозен пристап ќе има и во реваншот со Линколн

Шкупи со 3-0 го победи Линколн од Гибралтар и веќе може да размислува за дуелот со Динамо Загреб во квалификациите за Лигата на шампионите.

Македонскиот шампион ја оправда фаворитската улога, предноста од 3-0 гарантира следна рунда во квалификациите, а головите ги постигнаа Мамаду Данфа, Адетунџи и Чиполина кој запиша убав автогол.

Тренерот на македонскиот шампион, Гоце Седлоски вели дека и покрај убедливата победа, и на реваншот ќе играат максимално сериозно.

„Јасно беше дека против себе имаме добар тим, тие минатата сезона играа во групната фаза на Конференциска лига, затоа влеговме многу сериозно, а моите фудбалери го исполнија тоа што го барав од нив. Ќе се подготвиме и за реваншот, иако со овој резултат со една нога сме во следната фаза, ќе тренираме на вештачка трева оваа недела, имам информации дека теренот е незгоден, голема е влагата таму“, изјави Седлоски.

Реванш средбата во Гибралтар се игра следната недела.


https://twitter.com/dribling2021/status/1544404532674920452