Шкупи се засили во одбрната со повремен репрезентативец на Македонија

Шкупи го потврди своето 13. засилување сезонава, станува збор за 21-годишниот Марио Младеновски, повремен репрезентативец на Македонија.

Младеновски доаѓа од Ботев Пловдив, за него ова е враќање во македонското првенство, а претходно настапуваше за Македонија ЃП и за Вардар.

Шкупи со овој потег се засили во одбраната, Младеновски е висок 191 сантиметар, а во ПМФЛ има вкупно 31 настап.