Шок за демонстрантите: Во Њујорк им се придружи поп дивата Ријана - Дали си тоа ти? (ВИДЕО)

Фото насловна: Profimedia

Нови протести против расната омраза се случуваа во понеделникот во Американскиот град Њујорк. Протестот беше наречен „Stop Asian Hate (Престанете со омразата кон Азиците)!“. На овој протест, никој не очекуваше, но се појави во толпата во целосно инкогнито издание светски познатата пејачка Ријана. Таа носеше маска на лицето и големи очила за сонце, а косата и беше целата исплетена во ситни плетенки.

Еден од учесниците снимаше и ја замоли Ријана да му го даде својот Инстаграм, за да може да тагнува за неа.

Таа се согласи и го напиша своето име на неговиот мобилен телефон, а момчето остана во неверување затоа што не ја препозна ѕвездата.

„Дали си тоа ти?“, ја праша шокиран, а Ријана се насмеа гласно.


Целата ситуација е снимена и стана вирална на социјалните мрежи.

На снимката се гледа и како Ријана објаснува зошто го напишала името малку незгодно, со зглобовите на прстите наместо со крајот на прстите.

„Имам големи нокти“, мирно му објасни таа на момчето.

Ријана се приклучи на протестот без најава, се спои во толпата и танцуваше на музиката што свиреше во позадина. Таа беше со нејзината асистентка Тина Труонг, која снимаше сè за Инстаграм.

Инаку, омразата кон Азијците е горлива тема во Америка, а протестите беа предизвикани од настаните од минатиот месец во Атланта, кога осум лица беа убиени во салони за масажа, од кои шест жени со азиско потекло.


Видео: Твитер