Штеди електрична енергија – добиј попуст на Samsung клима со осигурување од СН Осигурителен Брокер
Со цел да обезбедат поголеми поволности за своите клиенти, СН Осигурителен брокер АД Битола и Инвенсис ДООЕЛ Скопје овозможуваат 10% попуст на набавка на Samsung клима за сите кои што ќе склучат осигурителна полиса над 3.000 денари за приватно здравствено осигурување, осигурување на имот и домаќинство или каско осигурување во СН Осигурителен Брокер.
Во рамките на промотивната кампања предвиден е попуст за следните типови Samsung клими:
* AR од 3,5 киловати и Luzon од 5 киловати
* Wind free од 3,5 и 5 киловати
Се работи за високо енергетски, ефикасни клима уреди Samsung, кои овозможуваат рамномерно распоредување на температурата низ цела просторија и ниска потрошувачка на електрична енергија. Овие клими работат на принцип на паметно ладење преку функцијата на вештачка интелигенција, која го анализира и помни начинот на употреба на единицата на корисникот и автоматски го користи режимот кој најмногу одговара на тековната состојба, земајќи ги предвид внатрешната и надворешната температура, посакуваната температура и времето на работа.
Во овие жешки денови набавката на високо енергетска и ефикасна клима е полесна со СН Осигурителен брокер.
За да добиете попуст за Samsung клима обратете се до најблиската подружница на СН Осигурителен брокер во вашиот град и обезбеде осигурителна полиса за:
* Приватно здравствено осигурување, со кое за само 515 денари месечно добивате пристап до сите приватни здравствени установи во државата.
* Осигурување на имот и домаќинство, со кое имате можност за осигурување на домот и членовите на домаќинството со пакетот СН ДОМ по цени веќе од 1200 денари годишно.
или
* Каско осигурување, со кое ќе обезбедите целосна заштита на вашето возило од сите можни ризици.
Дополнителни информации може да добиете и на:
www.invensis.com.mk
info@invensis.com.mk
070 371 333
www.snbroker.com.mk
15 770
ПР објава