Што да правите ако моторот ви загрее: Многу возачи од страв ја прават ОВАА ГРЕШКА - овој трик БРЗО ќе ви го реши проблемот!
Летните температури се пред нас, а како што на луѓето не им
е удобно на сонце, така и автомобилите не се најсреќни поради тоа, особено кога се вклучени и возат
долго или стојат во сообраќаен метеж.
Многу возачи забележале дека нивниот автомобил се прегрева почесто во лето, па ги фаќа паника кога ќе го забележат индикаторот за температура додека станува црвено. Потоа, во страв прават грешки кои не им се од помош.
Имено, многумина одлучуваат да го запрат автомобилот и да го исклучат со надеж дека така ќе го реши проблемот со температурата, но тоа е погрешно размислување. Тогаш циркулацијата на течноста за ладење престанува и се јавува уште повисока температура, што може да доведе до оштетување на моторот. Ова е особено точно за турбо моторите бидејќи турбината се лади со масло и работи на високи температури.
Од таа причина, многу е важно да знаете трикови кои можат привремено да го решат проблемот со прегревање на моторот, кои не се пријатни за возачите, но секако ќе ја олеснат работата на вашиот автомобил.
Најдобро е да го запрете автомобилот, да го ставите во мирување и да ја исклучите климата. Оставете малку да работи вака и ќе се олади. Додека чекате да се случи тоа, излезете од автомобилот за да не стоите на топло без причина.
Доколку застанувањето на автомобилот во моментот не е можно, соодветно решение е да го вклучите греењето наместо климата. Топол воздух од моторот ќе излезе во кабината, а моторот ќе почне да се лади, а за да не ве мачи температурата, ве советуваме ширум да ги отворите прозорците и да уживате во циркулацијата на свеж воздух.
Фото: unsplash