Што им понуди Југо на Американците: Ниска потрошувачка, отворање на хаубата од кабината, сигнални светла ...
Фото: Pixabay
Видеото, наменето за обука на продавачи на Југо ширум САД,
укажува на сè што треба да се посочи како главни продажни адути на малиот автомобил.
Извозот и продажбата на автомобил Југо во САД е еден од најголемите извозни потфати на фабриката во Крагуевац „Црвена Застава“ и на југословенската индустрија воопшто. Затоа и денес е тема што често се споменува.
И ние го споменуваме тука заради интересен промотивен филм, кој деновиве се појави на ЈуТјуб, кој го открива начинот на кој Југо им е претставен на Американците.
Видеото, наменето за обука на продавачи и работници во продажните салони на Југо ширум САД, укажува на сè што треба да истакнат како главни продажни адути на малиот автомобил, а со тоа да биде привлечно за потенцијалните купувачи.
Југо е претставен како најевтин нов автомобил на пазарот, а некои од неговите главни јаки страни се ефтиното одржување, сигурноста и малата потрошувачка на гориво.
На Американците им беше понуден основен GV модел со 1,1 мотор и 55 коњски сили, како и „спортска“ верзија GVX, напојувана од 1,3 EFI мотор со 65 „коњски сили“.
Посилната верзија имаше петстепен менувач, поквалитетни седишта и тапацир и попривлечна надворешност, која се карактеризираше со пошироки браници и странични лајсни, различни индикатори за насока и други детали.
За Американците, Југото се рекламираше како автомобил што ќе ги воведе повторно во идејата за основно превозно средство, поради што беше споредуван со легендите за автомобилската историја со првиот „Форд Модел Т“ и „Бубата“ на Фолксваген во рекламна кампања.
Идните продавачи можеа да научат од филмот дека автомобилот Југо им нуди на клиентите „стандардна опрема“ за отворање на хаубата од кабината, бројни сигнални ламби, климатизација или вентилација ... и многу други квалитети на југословенската технологија, што можете да ги видите во видеото.
Видео: Youtube