Што ќе се случи ако истурите топла вода на замрзнато стакло? (ВИДЕО)

Со брзиот пад на температурите, кои се почесто одат во минус, возачите наутро поминуваат многу време чистејќи го мразот и снегот од своите автомобили.

Стружењето на стаклото на студ е несакана работа која одзема многу време, па секој возач има свој начин да го реши проблемот.

Што никогаш не треба да правите при одмрзнување?

Одговорот е едноставен: никогаш не користете топла или врела вода за одмрзнување на стаклото.

Ова на потешкиот начин го открил сопственикот на автомобилот чие видео е објавено на Редит. Мислеше дека најбрзиот начин да се одмрзне замрзнатото стакло ќе биде да се полие со топла вода, но се покажа дека погрешил...

Погледнете како заврши експериментот:


Фото и Видео: Редит