Што ќе се случи ако нема плима и осека?

Со прекин на зголемувањето и намалувањето на нивото на морето и океанот, денот и ноќта ќе се сменат на 27 дена, што ќе доведе до температурни разлики на Земјата, но и катастрофални земјотреси и ветрови

Ротацијата на Земјата малку забавува бидејќи нашата планета користи енергија за да ги промени плимата и осеката за време на орбитата на Месечината околу неа. Познато е дека движењето на Месечината директно влијае на промената на плимата и осеката, односно висината на нивото на морето на Земјата. Последица од плимата и осеката е да се зачува екосистемот на Земјата и да се контролираат нивоата на сите мориња и океани. За да се подигне или намали нивото на морето, Земјата користи кинетичка енергија која нема бесконечност. Ова значи дека нашата орбита се забавува бавно, речиси незабележливо, бидејќи останува без потребната енергија. Последиците од запирање на ротацијата на Земјата би биле катастрофални за живиот свет, објави англискиот сајт Експрес.

Побавното вртење доведува до посилни и почести земјотреси, односно тоа е една од теориите во кои веруваат научниците, но не им е многу јасно дали тоа е вистина. Експертите сметаат дека со забавување на движењето на Земјата, постојат промени во нејзиното јадро што се чувствуваат и на површината.

Истражувачите Роџер Билам од Универзитетот во Колорадо и Ребека Бендик од Универзитетот во Монтана истражуваа земјотреси посилни од седум степени според Рихтеровата скала снимени од 1900 година.

Тие дознаа дека имало значително посилни земјотреси во текот на петте години пред почетокот на дваесеттиот век, во време кога ротацијата на Земјата значително се намалувала.

Професорот Билам посочи дека во овој период, имало помеѓу 25 и 30 силни земјотреси во текот на целата година, што е половина повеќе од вообичаеното.

Врската помеѓу ротацијата на Земјата и земјотресите е силна и не‘ води до заклучок дека бројот на нови земјотреси ќе биде значително зголемен. Ако, не дај Боже, плимата и осеката престанат, екосистемот на Земјата би бил уништен, додека планетата би се прегреела барем за една половина. Сепак, научниците не‘ уверуваат дека такво сценарио, дури и да е веројатно, може да се случи само за милијарда или повеќе години.

Институтот за планетарни истражувања од Аризона објави дека е можно за неколку милијарди години плимата и осеката да ја забават ротацијата на Земјата толку многу што нашата планета секогаш би била свртена кон Месечината од иста страна, така што орбитата околу Земјата би била еднаква на орбитата на Месечината. Ова значи дека еден ден на Земјата ќе трае околу 27 дена.

View this post on Instagram

A post shared by Duncan MacArthur (@duncan_macarthur)


Последиците би биле многу катастрофални, бидејќи едната страна на Земјата би била во темнина долго време, што би довело до значителен пад на температурата, додека другата страна на планетата би се прегреала поради постојана изложеност на сончеви зраци.

Големите разлики во температурата би довеле до силни ветрови кои би дувале од топлиот и светлиот до студениот и темниот дел на планетата. Алтернацијата на плимата и осеката повеќе нема да постои, бидејќи нивото на морето ќе биде фиксирано на иста висина во однос на континентите.


Извор: nationalgeographic.rs

Фото: freepik/Инстаграм