Што може да се случи ако вежбате на отворено, а воздухот е загаден?
Луѓето кои вежбаат на отворено ретко размислуваат за квалитетот на воздухот. А треба. Особено во време кога предупредуваат од сите страни за зголемено загадување на воздухот.
Во некои градови, дури и ако носите најквалитетна маска за лице, можете да вдишите честички на загадувачи. За време на вежбањето, нашите бели дробови дишат уште повеќе воздух, а за време на аеробни активности, тие влегуваат подлабоко во ткивата, пишува „News18“.
Ова може да резултира со иритација на белите дробови, може да се појави и астма.
Главоболки, иритации на очите и носот и слични нарушувања се исто така можни ако сте изложени на загаден воздух подолг временски период.
Луѓето кои веќе имаат здравствени проблеми ќе имаат зголемен ризик од срцев и мозочен удар.
Кoга вежваме вдишуваме повеќе отколку со нормални активности и издишуваме и преку нос и преку уста. Но, наместо да дишеме чист воздух, ние дишеме ситни честички на загадувачи.
Опасно е за луѓе со дијабетес, астма, белодробни заболувања и срцеви заболувања. Кај луѓе со веќе постоечка дијагноза, ова може да го удвои ризикот.