Што појадува Владимир Путин: Утринска рутина на првиот човек на Русија

ФОТО: ПРОФИМЕДИЈА

  Претседателот на Русија има посебни навики на кои се придржува во текот на денот.  За Владимир Путин често се вели дека е ноќна птица, бидејќи поради бројните обврски и различните временски зони во Русија, тој е принуден да работи до доцна во ноќта. Затоа првиот утрински оброк го има напладне.
Појадокот на првиот човек на Русија изгледа вака: омлет направен од јајца од препелица и чинија овесна каша со неколку парчиња сирење, пренесува Newsweek.
Заедно со појадокот, Путин обично пие сок од домашна репка и од рен. 

 По обилниот појадок, претседателот на Русија го пие своето прво утринско кафе, а потоа оди на тренинг, што обично се состои од пливање и кревање тегови. Ги гледа првите утрински вести во теретана и добива политички идеи токму во базенот, додека плива.
Кога ќе заврши со појадок и тренинг, Владимир Путин е подготвен за политика.

извор: glossy.espreso.rs