Што се случува кога ќе нарачате Бугати преку интернет? Човекот доживеал шок кој нема брзо да го заборави ВИДЕО

Јутјуберот Картер Шерер, со повеќе од 11 милиони следбеници, реши да купи Бугати на Алибаба кој беше рекламиран како „во совршена состојба“. Цената од 25.715 евра беше знак на сомнеж, но Шерер реши да ризикува.
По неколку месеци чекање, пред неговата гаража пристигна огромна дрвена кутија. На прв поглед изгледаше како внатре да има вистинско возило, но додека тој ги вадеше слој по слој заштитните елементи, вистината излезе на виделина. Наместо луксузен автомобил, се покажа дека е реплика.
@realcartersharer Temu Bugatti Update
original sound - Carter Sharer
Бугати се претвори во играчка
Кутијата криеше очајно направен модел од пластика и пена. Бојата беше небрежно нанесена, а ентериерот беше целосно празен, без мотор. Наместо да добие супер автомобил од Молсхајм, Картер плати 25.000 евра за нешто што повеќе личи на играчка.
Публиката ја виде неговата реакција како забавна, но видеото покажа и колку ризично може да биде онлајн купувањето кога станува збор за луксузни производи.
(Telegraf.rs)