Што се случува: Поповите, владиките и патријарсите ги нападна коронавирус: И Иринеј е заразен

Службата за информации на СПЦ соопшти дека поглаварот на Српската православна црква (СПЦ), патријархот Иринеј, се заразил со коронавирус и е примен во болница.

Бискуп будимјанско – никшиќки Јоаникие е исто така позитивен на коронавирусот.

Само пред неколку дена, беше погребан Митрополитот црногорско приморски, г. Амфилохије. По повеќе од 20 дена откако заболел од ковид-19, иако ја пребродил болеста, како последица на оштетувањето на белите дробови, заминал во вечниот дом.