Штотуку објавено:Ултра- луксузен нов теренец На Мерцедес

Иако е во ек самемот за автомобили во Лос Анџелес, Мерцедес реши да го претстави на светот својот ултра луксузен теренец во Кина.

Mercedes-Maybach GLS дебитира во Гуангжу, за кој се шпекулира дека ќе чини најмалку 200.000 евра.

Мерцедес објави фотографија со објава на која се прикажани само предната маска и фаровите. Но веќе се знае како ќе изгледа.

Со оглед на цената, се очекува врвната технологија и ултра луксузниот ентериер како одговор на Мерцедес на „Бентли Бентајга“.

Што се однесува до погонот, се најавува V8, а гласините го споменуваат моќниот V12.