Силк Роуд Банка ги намали каматните стапки на потрошувачките кредити за население
Силк Роуд Банка АД Скопје во текот на месец февруари 2020 година ги намали каматните стапки на потрошувачките и хипотекарните кредити за физички лица. Покрај намалувањето на каматните стапки, воведен е и промотивен период до 30.06.2020 година без манипулативни трошоци за администрирање и трошоци за проценка на имот за хипотекарните и станбените кредити и до 50% пониски трошоци за аплицирање од редовните.
Новите карактеристики на кредитните производи за население на банката се следниве:
- Потрошувачки кредит со/без животно осигурување до 900.000 денари и рок на отплата до 10 години, со фиксна каматна стапка од 5.5% за првите 24 месеци, односно 7.95% променлива за останатиот период;
- Хипотекарен кредит до 400.000 евра, фиксна каматна стапка од 5% за првите три години, односно 6.45% променлива за останатиот период;
-Eден за Се потрошувачки и хипотекарен кредит, специјално наменети за рефинансирање на кредити од други банки, со фиксна каматна стапка од 5.2% за првите две години, односно 4.9% за првите три години за хипотекарните кредити. Сите корисници на Еден за Се кредитот покрај можноста да ги рефинансирааат постојните кредити од други банки, со новите атрактивни каматни стапки од Силк Роуд Банка имаат и можност за подигнување на дополнителни финансиски средства и останати привилегирани услови (American Express Green кредитна картичка, намалени трошоци за изнајмување сеф и друго).
Повеќе за новите каматни стапки и услови на кредитните производи на Силк Роуд Банка АД Скопје за население, може да се информирате во некоја од експозитурите на банката, на веб страната www.silkroadbank.com.mk или на телефонскиот број 02/3289-477.