Силк Роуд Банка со нови поповолни услови за станбени кредити
Силк Роуд Банка АД Скопје почнувајќи од денес воведува нови поповолни услови на станбените кредити за физички лица.
Новиот кредитен производ е со фиксна каматна стапка за првите 10 години од 3,5%, односно 5,5% променлива каматна стапка за остатокот од периодот. Дополнително, сите што ќе аплицираат за станбен кредит во промотивниот период кој трае до крајот на оваа година, ќе можат да го сторат тоа без административни трошоци и без трошоци за проценка на имотот што служи како обезбедување на кредитот.
Кредитот е наменет за купување нов стан или куќа, за изградба на нов дом, за реновирање на постојни недвижности, за купување на деловен простор, за купување стоки и материјали поврзани со реновирање на домот, како и за рефинансирање на станбени кредити од други банки. За финансирање на овие намени, достапни се поединечни кредити во износи до 400.000 евра, со рок на отплата до 30 години и можност за грејс-период од една година.
„Една од најголемите поволности кои ги нуди новиот станбен кредит на Силк Роуд Банка е исклучително ниската каматна стапка за првите 10 години од отплатата на кредитот од 3,5%. Ниската фиксна камата значајно влијае на намалување на вкупните трошоци што ги имаат корисниците на кредитот. Сите потенцијални клиенти кои ќе аплицираат до 31-ви декември се целосно ослободени од административни трошоци и трошоци за проценка на имотот, што значително дополнително допринесува за исклучително ниската стапка на вкупни трошоци поврзани со кредитот. Веруваме дека во услови на кризата предизвикана од коронавирусот, овој нов производ ќе допринесе за младите луѓе да го одберат своето ново место за живеење под исклучително поволни услови и со загарантирана фиксна камата за 10 години. Впрочем и мотото на новиот станбен кредит е #ОстаниДома #НовДом, така што со станбениот кредит цврсто веруваме дека никогаш досега не било полесно да се одбере новиот дом“, велат од Секторот за работа со население во банката.
Како дополнително олеснување при процесот на купување нов дом, посебно кога се работи за станови кои се во фаза на изградба, банката веќе има остварено соработка со преку 50 градежни компании, меѓу кои се и најголемите градежни компании во државата. На сите потенцијални клиенти им е овозможено, со минимално сопствено учество, да дојдат до нов стан или деловен простор.
Дополнителни информации за новиот станбен кредит можат да се добијат во сите експозитури на Силк Роуд Банка, профилите на социјалните медиуми како и на веб страницата: silkroadbank.com.mk