Сите благодети на грозјето: Ве оживува

Сеедно дали го сакате повеќе белото или црно грозје, уживајте во вкусот и на едното и на другото, бидејќи се богати со витамини и минерали. 
Овие денови пазарите се полни со грозје. Би можеле да наброиме многу причини зошто би требало да јадете слатко, вкусно и здраво грозје, па затоа, сега е вистинско време да ја искористите богатата понуда и што поскоро да го вклучите во исхраната. Грозјето е добро за срцето, ја подобрува циркулацијата, влијае противвоспалително, го подига имунитетот, а поради својот единствен состав делува и како природен тоник за организмот. Благодарение на високиот процент на шеќер, грозјето е енергетски богата намирница. Токму поради високиот процент на шеќер, грозјето ни дава енергија, сила, го подобрува расположението и концентрацијата. 

И бело и црно 


Сеедно дали го сакате повеќе белото или црно грозје, уживајте во вкусот и на едното и на другото, бидејќи се богати со витамини и минерали. Гроздов шеќер, винска, јаболкова и лимонска киселина, минерали, од калиум и магнезиум до железо и фосфор, витамините А и Ц, витамини од Б група. Сѐ тоа го содржи грозјето и уште многу други хранливи состојки, па освен што е вкусна намирница меѓу есенските плодови од природата, може да се смета и како вистинска ризница за здравје. 

Кожата на зрната грозје е полна со баласни материи како што се на пример целулозата и пектинот, поради што грозјето се смета за овошје кое го регулира варењето, го чисти организмот од отрови, и помага за излачување на водата од телото. Поради тоа грозјето е идеално за есенски диети, бидејќи влијае како природен тоник за организмот. Оптималниот сооднос на фосфорот и калциумот во грозјето влијаат поволно на метаболизмот на зглобовите и коските. Имено, зрната на грозјето изобилуваат со аноргански фосфати, а фосфорот со калциумот и магнезиумот е составен дел од сите коскени структури. Црвеното грозје содржи пигмент антоцијанин од групата билни феноли кои делуваат (слично како ликопенот од домати) како силен антиокисданс. Тие два билни пигменти му даваат црвена боја на овошјето и зеленчукот, а ги содржат и: црвениот грејпфрут, шипинките, лубеницата, малините, јагодите, црвената зелка…


Подготовка на јадења со грозје 


Во сезоната грозјето е најдобро да се јаде свежо, па треба да се искористи времето на берба на грозје кога навистина го има во изобилие и по достапни цени. Многубројни се можностите за подготовка на грозје, од него се прави сок, џем и оцет. За гурманите не е невообичаено да послужат грозје на почетокот на оброкот со разни студени салати или пак со разни видови на сирење. Грозје задушено во сосови се сложува со живина, пилешко, патка. Може да се употреби и како полнето во печено месо. Од грозјето се прави вкусно желе за подготовка на слатки, сладолед, колачи. И многу други производи од грозје повеќе или помалку се вдомија во подготовка на јадења. Тоа се разни видови на вино, вински оцет, коњак, меѓу кои посебно место поради начините на подготовка на посебниот вкус и мирис зазема ачето балсамико. Ачето балсамико традиционално се произведува во Модена од концентриран сок или белузлаво бело грозје. Со ачето балсамико можете да подготвувате разни слатки преливи и маринади, фини сосови, а сосема неочекувано неколку капки на јагоди, малини или праски со додаток на шеќер во целост ќе ја нагласи аромата на овошјето. Одлично може во кујната да послужи и неферментираниот сок од грозје, т.е. масло од семките на грозјето. Свежиот сок од грозје содржи високо концентриран облик на големи количини на витамин А, Б и С. Свежиот сок поттикнува апетит, го подобрува метаболизмот на организмот, го поттикнува излачувањето на штетните материи од телото, се препорачува за слабост и помага во нормализирање на крвниот притисок и покачен и низок крвен притисок. Маслото од гроздови семки добиено со студено пресување на гроздови зрна е многу ценето и барано. Се употребува во кулинарството, содржи омега 3-масни киселини и има заштитно дејство на систем за крвоток.   

Суво грозје

По сезоната на свежо грозје, засладете се со оние исушени грозјенца, кои се добиваат со природно сушење на грозјето. Сувото грозје е богато со витамин А и Б, извор е на минерали, на пример калиум, помага во борба со анемија, кај лоша крвна слика и за јакнење на имунитет. Во зимските месеци кога има недостиг на сезонско овошје и зеленчук, се одлични високоенергетски намирници. Во рецептите сувото грозје е честа состојка за подготовка на колачи, слатки, а од друго сушено овошје подгответе ги како вкусен појадок со житарки. Ниту една пита од сирење без грозје не е таа вистинската, тоа е едно од оние златни правила на секоја домаќинка. Сувото грозје е неизоставна намирница во подготовка на голем број колачи и други слатки. Свинското може да има сосема поинаков вкус со додаток на суво грозје во пржен сос.