Сите дерматолошки и естетски процедури на едно место - центар за перфекција „Аџибадем Систина“
Опремен со најмодерна современа медицинска технологија, можност за изведување на секаков вид дерматолошки и естетски процедури од страна на врвен и искусен тим од дерматовенеролози, пластични и реконструктивни хирурзи нуди Центарот за перфекција во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Во рамки на Центарот во нови и најмодерно опремени простории распространети на површина од 177 метри квадратни функционира Одделот за дерматовенерологија и естетска дерматологија, кој располага со дерматолошки амбуланти, три соби за ласерски третмани и кабинет за дерматоскопија, а во склоп на центарот е и одделот за естетска пластична и реконструктивна хирургија. Центарот за перфекција е место каде што пациентите можат да добијат интегриран пристап во дијагнозата и третманот - од хемиски пилинзи, сите видови козметички и процедури против стареење, ласерски процедури, пресадување коса, па сè до хируршки естетски зафати и медицинско-реконструктивни процедури. Центарот е опремен со најсовремена технологија по примерот на светските клиники за хирургија од овој вид и во негоработи високостручен и професионалниот тим составен од искусни дерматовенеролози и пластични хирурзи. Тимот специјалисти соработува со доктори од другите специјалности со цел пациентите да добијат висококвалитетна медицинска грижа и посакувани резултати.
Врвен оддел за дерматовенерологија и естетска дерматологија
На одделот за дерматовенерологија и естетска дерматологија за пациенти достапни се минимално инванзивните методи за подмладување, како што се ботокс, филери за лице, PRP-процедура, мезотерапија, ултразвучна кавитација, како и сите видови хемиски пилинзи од врвниот американски бренд NeoStrata. Одделот нуди и целосна здравствена услуга од областа на дерматовенерологијата преку изведување на клинички прегледи, дермоскопија на бенки и тумори на кожата, алерголошки тестови- кожни и лабораториски преку крв, биопсии на нејасни кожни промени, отстранување на вирусни израстоци со криотерапија и ласерска аблација на истите, употреба на фототерапија, микролошки иследувања за откривање габични инфекции, а располага и со „мол мапинг” дигиталната техника за бележење на пигментните обележја на кожата за ефективно откривање на меланом - најопасниот рак на кожата.
Сите видови ласерски третмани и ласерска епилација
Центарот за перфекција располага со палета на ласери за различни дерматолошки состојби и естетски проблеми. Располагаме со фракционен јаглерод диоксид ласер кој е златен стандард за подмладување и третман на лузни од акни, но и за мали оперативни зафати на израстоци на кожата, понатаму Er -YAG ласер за оперативни и естетски зафати на кожата, третмани на васкуларни проблеми на кожата со Nd YAG ласер- отстранување на хемангиоми и капилари на кожата, диоден ласер за третман на зголемена влакнетост и нокти. Центарот за перфекција нуди и трајно решение за несаканите влакна со најсовремениот ласер за епилација. Просечен број на третмани за ласерска епилација се 6 сесии. Со воведувањето на најсовремените ласерски третмани за подмладување и нега на кожата Одделот за дерматовенерологија и естетска дерматологија стана и пионер во имплементацијата на бројни естетски процедури. Во делот на естетската дерматологија се користат исклучиво врвни светски брендови за апликација на ботулинум токсин, пополнувачи (филери) на ткивата и останати третмани.
Естетска, пластична и реконструктивна хирургија
На Одделот за естетска, пластична и реконструктивна хирургија се изведуваат сите видови естетски процедури, како што се зголемување, намалување или подигнување гради со импланти, суспензија на гради, аугментација (зголемување на задник), затегнување на надлактици и натколеници, дерматолипектомија, естетска корекција на уши, блефаропластика на очни капаци, cat-eyes surgery, дермато-липектомија на стомак, липосукција и липофилинг на сите регии, хименопластика, гинекомастија, како и сите видови на процедури против стареење full facelifting (затегање на целото лице), frontal lifting (подигање на чело), temporal lifting (затегање на слепоочниот дел) и neck lifting (затегање на вратот). За пациентите предвидени се бесплатни естетски консултации со врвен специјалист по пластична и реконструктивна хирургија.
Реконструкција на гради по целосна мастектомија
Освен естетски хируршки зафати, во Центарот за перфекција се изведуваат и реконструктивни оперативни зафати кои подразбираат корекција на физичките недостатоци, деформитети или абнормалности без разлика дали се работи за вродени аномалии или, пак, се предизвикани како резултат на повреда или болест. Реконструктивната хирургија опфаќа хирургија на дланка, хирургија на тетивен апарат на подлактица и потколеница со стапало, хирургија на периферни нерви, хируршки третман на површински тумори на глава и врат, третман на изгореници. Центарот за перфекција при „Аџибадем Систина“ нуди и можност за естетски третман по хируршката интервенција на дојката. Реконструкцијата на дојката може да се изведе во еден акт под иста анестезија веднаш по мастектомијата со имплантација на силиконски имплант или најрано 6 месеци по мастектомијата во консултација со торакален хирург и онколог, доколку состојбата на пациентката тоа го дозволува. Реконструктивните третмани помагаат за подигнување на самодовербата на жената и намалување на психичките трауми од самата интервенција.
ПР објава